Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Ден посветен на св. Јоаким Осоговски Чудотворец (02-09-2010)

Централната прослава на патрон празникот во Осоговскиот манастир започна со вечерната богослужба и пречекот на Неговото високопреосвештенство митрополитот Полошко - кумановски господин Кирил.

 

Набргу црквите и манастирските дворови станаа претесни за  верниците кои како река се слеваа од сите страни. Цела ноќ верниот народ се точеше покрај моштите на чудотворецот, големиот молитвеник и застапник пред Бога, кој ги лекува  душите и телата  на сите кои со вера и љубов му пристапуваат. Во утринските часови, на 29.08.2010 година, кога манастирските камбани го најавија доаѓањето на митрополитот Кирил, започна светата Литургија. По отслужената Литургија беше осветена вода и пресечени славските колачи, а потоа во манастирските конаци беше приредена братско - сестринска трпеза на љубовта.