Архиерејска Божествена Литургија на Петковден во Скопје (27.10.2010)
Со света Архиерејска Литургија беше прославен празникот на преподобна Параскева во храмот што го носи нејзиното име во н. Црниче. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на умировениот Митрополит Европски г. Горазд. На Литургијата во свештенички чин беше произведен ѓаконот Владимир Белчовски. Храмот беше претесен да ги прими сите верници кои дојдоа да се помолат на светителката и да се причестат со светите Христови Тајни.
Извор: Скопска епархија