Местото на жената во Православната Црква (27.12.2010)
На 10.12.2010 година во организација на Унијата на жени од Гостивар, се одржа Јавна тривина на тема „Местото на жената во Православната Црква“, а потоа се отвори јавна трибина на многу други прашања од областа на православното верко живеење во нашиот народ. Предвањето се одржа во амфитетарот на зградата на ЕЛЕМ во Кичево со почеток во 17,оо часот и траеше два часа. Присутни беа 200 жени, претежно млади луѓе.
На предавањето, присуствуваше покровителот на Јавната трибина г-ин Мане Јаковлевски, г-ѓа Наташа Саздовска претседател на Унијата на жените, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Полошко-куманосвски г. Кирил, присуствуваа и намесништвата од Гостивар и Тетово при Полошко-кумановската епархија на Македонската православна црква и други гости на покана на Унијата на жени од Гостивар.
Предвањето го одржа професорот д-р Ацо Гиревски, декан на Правславниот богословски факултет „Свети Климент Охридски„ во Скопје, којшто потоа им се стави на располагање на слушателите и за многу други прашања од обласа на правосавното христијанско живеење кај нас.
Киро Кипровски