Христос се роди! (07.01.2011)
Големиот христијански празник на Рождеството Христово - Божик беше прославен во преполнетиот соборниот храм на свети Климент Охридски со Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови тајни.
На Светата литургија присуствуваше и државниот врв на Р. Македонија: г. Ѓорге Иванов, претседател на Р. Македонија; г. Никола Груевски, премиер на Р. Македонија; г. Трајко Вељановски, претседател на Собранието на Р. Македонија како и многу други претставници од политичкиот живот во нашата држава.
Извор: Скопска епархија