Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рождество Христово - Божик во соборниот храм на Пресвета Богородица во Гостивар (07.01.2011)

На ден 07 јануари 2011 лето Господово, по повод празникот Рождество Христово - Божик во соборниот храм посветен на Пресвета Богородица во Гостивар се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свештенослужители од Гостиварското архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од Гостивар и Гостиварско.

Митрополитот г. Кирил ги поздрави верниците со зборовите: „ХРИСТОС СЕ РОДИ!“, а го отпоздравија едногласно присутните верници извикувајќи: „НАВИСТИНА СЕ РОДИ!“.

Честитајќи им го Рождеството Христово, Митрополитот г. Кирил во својата беседа го прочита годинешното послание од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, и им посака добро здравје, мир и благосостојба во нивните домови, во родниот им град Гостивар и пошироко во Република Македонија. Потоа Митрополитот г. Кирил ги пресече кумските колачи принесени од кумовите.

 

      

 

     

 

      

 

подготви: Диме Змејкоски