Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божик во Тринген, Швајцарија (14.01.2011)

Празникот кој се слави во спомен на почетокот на исполнувањето на домостројот на спасението, отелотворувањето на Спасителот – Божик, Митрополитот Европски г. Пимен благоволи да го чествува меѓу Македонците раселени низ Швајцарската Конфедерација, поточно во новоосветениот храм посветен на Охридскиот Чудотворец, свети Наум, во Тринген. Неговото Високопреосвештенство, во сослужение со парохискиот свештеник, свештеноереј  Горан Мантароски и епархискиот секретар, свештеноѓакон Антоние Попоски, богослужеше за Божик, Соборот на Пресвета Богородица и празникот посветен на свети архиѓакон и првомаченик Стефан. Верниот македонски народ, започнувајќи од најмладите кон повозрасните членови на Црквата, се причести со Телото и Крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос.

 

               

 

              

 

              

 

           

 

          

 

            

 

 

Известува: ѓакон Антоние Попоски