Vesti i nastani
 
 
 
 
 

МПЦ е лице на вистинска Црква (04.06.2011)

Главниот проблем е проблемот на грчката политика, вели еминентниот руски теолог за македонско-спрпскиот црковен спор.

Реланоста е жална, но вистината е таа. Православието е заложник на политичките национализми. Македонската Православна Црква е типичен пример. Нејзината изолација, не е резултат на црковни, туку на политички проблеми.

Еден од највлијателните руски теолози, Андре Кураев, дениовиве за време на неговиот престој во Македонија советуваше, македонските верници да не ги повторуваат грешките на грчките националисти. Задоволен е што и по речиси пет децении, како СПЦ го оспорува постоењето на Македонската Црква, проблемот нема димензии на меѓунационален проблем. Рускиот теолог признава дека Православието е немоќно да одговори на политичките предизвици. Како решение за МПЦ го гледа решението на македонско-грчкиот политички проблем.

- Главниот проблем е проблемот на грчката политика. Оние проблеми кои се во суштина црковни, се многу потешки за решавање, отколку политичките. Штом е можно да се променат политичките позиции на политичарите на Грција кон Македонија, во тој случај, ќе биде можно и интегрирање на Македонија во Европската унија и се разбира интеграција на македонската црква во православните цркви, вели теологот Кураев. Тој во Македонија три дена држеше предавања. Од она што го видел како МПЦ функционира, вели дека таа го има столбот да биде самостојна Црква.

- Ги гледам тука сите карактерни црти на православниот живот што го има кај сите други народи. Како е едно многуобразие на лице. И тоа многуобразие на лице го гледам во Македонската Црква, а тоа е знак дека Македонската Црква не е секта, бидејќи сектите секогаш се еднолични, вели Кураев.

Посетата на Кураев, според црковните аналитичари е добар пример, како МПЦ својата вистина да ја претстави пред останатите Православни Цркви.

 

        

 

      

 

     

Извор: „Вечер“, Марјан Николовски

Фото: Калина Трпеска