Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Демант (24.07.2011)

По повод објавената дезинформација во дневниот весник „Нова Македонија“ (петок, 22. 7. 2011 година, „Руската ја задушува Црногорската, а ја игнорира Македонската црква), Македонската православна црква (МПЦ) искажува несогласување и вчудоневиденост од паушалното и нергументирано пишување на авторката на текстот, Радмила Заревска, која во континуитет пишува невистини и површни анализи за МПЦ и внатрешните состојби, и тоа само од за неа познати причини и поводи. Вооочливо е во текстот дека истата на ниту едно место не дава аргументи дека навистина Руската православна црква (РПЦ)  ја игнорира МПЦ, а згора на сè, за статусот и релациите не се повикува на извор од МПЦ, туку цитира експерт од круговите на Српската православна црква (СПЦ), кој воедно е и познат новинар на службениот весник на СПЦ, „Правослаље“ (г. Живица Туциќ). Со овој и со неколкуте текстови во минатото, новинарката, вцушност, самата ја игнорира Македонската православна црква и пишува од ракав, не познавајќи ги воопшто реалноста, ниту контактите на МПЦ. Да потсетиме, во минатото на наколку пати високи претставници на Руската православна црква ја посетија Македонската православна црква, а исто така и претставници на МПЦ биле поканети и присуствувале на значајни настани од животото на РПЦ. Така, актуелниот поглавар на РПЦ, Неговата светост, патријархот г. Кирил беше во посета на МПЦ во 2005 година, актуелниот претседател на Одделот за надворешни работи на РПЦ, митрополитот Волоколамски г. Иларион двапати ја посети МПЦ, неговиот заменик, протоерејот Николај Балашов, инаку задолжен за контактите со Црквите од Балканот, неколкупати беше во посета на МПЦ, а пред само еден месец, со благослов на патријархот Кирил, во Македонија предавања одржа и реномираниот руски богослов, протоѓаконот Андреј Кураев.  

Се надеваме дека овој произволен напис нема да влијае на добрите односи меѓу Македонската и Руската црква, а, воедно, уште еднаш нагласуваме дека МПЦ се оградува од ваквите злонамерни пишувања.   

 

          КАБИНЕТ НА АРХИЕПИСКОПОТ