Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија и доксологија во соборниот храм во Скопје (08.09.2011)

Денес, кога Православната црква ги празнува светиот маченик Адријан и преподобна Наталија, преподобен Титој и свети Зер-Јаков  во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје, старешината на храмот отец Драги Костадиновски во сослужение на свештеници од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија. На Литургијата присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Европски г. Пимен. На Литургијата  верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По светата Литургија, а по повод одбележувањето на  20-годишнината од осамостојувањето на Република Македонија, во соборниот храм (како и во соборните храмови на епархииите на Македонската Православна Црква), се отслужи Благодарствено славословие (Доксологија) со кое чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

По молитвеното славословие Митрополитот Агатангел одржа пригодна беседа, во која, помеѓу останатото, упати порака до македонскиот народ да ја чува и сочува својата од Бога благословена Македонија, за која низ вековите  многумина се дадоа себеси, и дека само како обединет народ ќе го обезбедиме нејзиниот просперитет.

 

                        

 

        

 

        

 

       

 

     

 

     

 

     

 

      

Известува: Калина Трпеска