Прославен патронот на Македонската Православна Црква - Свeти Климент Охридски (08.12.2011)
Со Архиерејска Литургија беше прославен патронот на Македонската Православна Црква - СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ во Соборниот храм во Скопје. На Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски и г. Агатангел, митрополит Повардарски. По завршувањето на Литургијата, митрополитот Петар се обрати кон присутните верници со пригодно слово, во кое меѓу другото рече за да го следиме примерот и за да се просветлиме од поученијата на св. Климент, потребно е да ги очистиме срцето и умот од плотските и световни страсти, желби и мечти кои нè оддалечуваат од заедница со нашиот Бог.
Извор: Скопска епархија