Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Доделување на столен медал на Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици од редот на Светиот Македонски Крст во Струмица (11.12.2011)

Денес, на празникот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. И оваа година на Божествената Литургија заради особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со столен медал на Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици од редот на Светиот Македонски Крст беа одликувани: Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и Митрополитот Видински г. Дометиан од Бугарската Православна Црква.