Државниот врв на божикен ручек кај г.г. Стефан (09.01.2012)
Денес во резиденцијата на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан беше приреден свечен ручек по повод неговиот именден, на кој присуствуваше државниот врв: Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, Премиерот г-дин Никола Груевски, и претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељаноски. Од членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ на традиционалниот ручек присуствуваа Митрополит Повардарскиот г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.