Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление - Водици во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово (19-01-2012)

На ден 19.01.2012 год., по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, Митрополитот Господин Кирил ги продолжи црковните активности во тетовското архиерејско намесништво во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово, каде во присуство на голем број верници од Тетово и тетовско, а во сослужение на свештенослужителите од намесништвото отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија.

 

На свечената Литургија активно учество зема и женскиот младински хор Менада раководени од диригентската палка на маестро Др. Ивица Зориќ.

 

За време на  свечената Литургија во соборниот храм присуствуваа претставници од државниот врв на Република Македонија: министерот за здравство г-дин Никола Тодоров, г-ѓа Светлана Карапетрова - пратеник во собранието на Р. М. заедно со нивните   соработници.

 

Во својата беседа Митрополитот Господин Кирил го образложи значението на празникот Водици, кога во водите на реката Јордан беше крстен спасителот наш Господ Исус Христос и откривањето на Тајната на Светата Троица - Отецот Синот и Светиот Дух, меѓу другото посакувајќи  им  на верниците мирно и бериќетно ново 2012 лето Господово.

 

Потоа Митрополитот Господин Кирил во дворот на соборниот храм ги освети водите во новоизградениот црковен базен, а во присуство на  голем број верници го спушти крстот  пред тројцата млади Тетовчани: Бојан Максимоски, Зоран Јованоски и Игор Попоски. Најсреќниот од нив Бојан го фати крстот, а  Митрополитот Господин Кирил му подари златен крст со ланче,  и му посака здравје и бериќет нему и на сите присутни верници.  Покрај златниот крст среќниот Тетовчанец прими уште еден  пригоден подарок телевизор. Потоа верниците понесоа со себе од осветената вода за мир и благосостојба во своите домови.

 

 

 

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски