Во посета на Осоговскиот манастир (19-03-2012)
На ден 11.03.2012, по повод 20 години од превземањето на границите на Р. Македонија од ЈНА и за прв пат кренатото македонско знаме на караулата Рамна Нива при граничниот премин Деве Баир, претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов придружуван од градоначалникот на општина Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски и началникот на Генералштаб на Р. Македонија г. Горанчо Котески оствари средба со војниците кои пред 20 години ја заштитуваа истата караула.
Потоа претседателот го посети и манастирот Свети Јоаким Осоговски каде што со благослов на надлежниот епархиски Архиереј, Митрополитот Полошко - кумановски г .Кирил беше приредена свечена посна трпеза во владичкиот резиденцијален конак.
Претседателот нескриено ги изрази своите импресии, како од убавиот зимски ден во прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс, така и од срдечното гостопримство на старешината на манастирот, протоереј ставрофор Добрислав Бошковски, а во име на Митрополитот Полошко - кумановски г. Кирил.
По заминувањето од нашето древно светилиште, претседателот го посети градскиот музеј, а потоа во центарот за култура на општина Крива Паланка беше оддржана свечена академија по повод 20 години од истоимениот настан.
известува: ипоѓакон Александар Стефановски