Архиерејска Божествена Литургија во Струмица (01-04-2012)
Денес, во неделата на света Марија Египетска, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум отслужи Архиерејска Божествена Литургија во соборната црква на светите Методиј и Кирил во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.