Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чудо во црквата на свети Димитриј во Скопје (09.04.2012)

Во црквата на свети Димитриј, вчера, на празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим (Цветници), се случи настан, којшто ја затрепери секоја човечка душа, верна и неверна, православна или не, којшто видливо ни го покажа Неговото присуство и којшто предизвика многу радосни солзи, покајание и благодарност заради Неговата милост...

 

Почнувајќи од утринските часови, па во текот на целиот ден, свештениците во храмот како и мноштвото граѓани беа сведоци на необјаснивото, за рационалниот човечки разум, заживување на фреските коишто небаре само што беа реставрирани, а сепак човечка рака ги нема допрено. Особено беа впечатливи чистите и јасни бои на ореолите на Светителите, како и блескавите крилја на ангелите на фреските. Дури и многуте новински и ТВ екипи кои веднаш по првичната вест за самообновувањето на фреските беа во храмот, беа сведоци на моментите кога разни детали од сцените на фреските ги добиваат своите старо-нови бои.


Храмот го посети и
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој исто така беше еден од сведоците на настанот за кој се зборува дека е втор од ваков вид во православниот свет (ваква иста појава претходно е забележана во храм во Русија), а веста од Скопје стана една од ударните на повеќе агенции и медиуми од Балканот.

 

Во вечерните часови во храмот, спонтано се собра народот, вчудоневидени од настанот кој пред нив се одвиваше. Трансформацијата на одделни фрески се случување од минута во минута.

 

На прашањето на еден присутен верниик во храмот: „Колку се стари фреските во оваа црква?“, другиот верник одговори: „Три часа!“

 

Не помина  еден  час и половина, фреската полека се исчитува... се осветлува ореолот на Светителот.  Чудото пред нас се случува. И не само фреските, и иконите од иконостасот  се исчистуваат... една по една, дел по дел на нив се случува промената.

 

Господи Исусе Христе, помилуј нè... 

 

       

 

       

 

                   

 

         

 

 

Извор: Преминпортал