Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велигден во Скопје (15.04.2012)

Прославувањето на Светлото Христово Воскресение - ВЕЛИГДЕН во Соборната црква „Св. Климент Охридски“ започна вечерта на 14 Април со Полуноќница и крсниот пат,  а заврши утрото со Пасхална Утрена и Божествена Литургија. На богослужбите чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан со бројно свештенство од Скопската епархија. Верниот народ се причести со Светите Христови тајни. Според Православната традиција, по завршувањето на Литургијата се читаше Евангелието според Јован 20, 19-25 на повеќе странски јазици.

 

 

        

 

       

 

       

 

    

 

       

 

Извор: Скопска епархија