Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение (17.05.2012)

Свeтиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, на својата редовна седница одржана на 17 мај 2012 г. разгледа повеќе прашања од тековниот животот на Црквата, при што:

- Синодот изразува длабоко сочуство кон семејствата на петтемина убиени кај Смилковското Езеро со молитва Семилостивиот Бог да им подари рајска населба на покојните, а духовна сила и утеха на нивните најблиски. Истовремено, им даваме целосна поддршка на државните институции за расветлување и обелоденување на вистинските злосторници на ова убиство.

-  Синодот ја осудува секоја радикална форма на која било вeрска доктрина која може  да предизвика нарушување на граѓанскиот мир и верскиот соживот во Република Македонија.

- Во оваа јубилејна година за МПЦ, за првпат во поновата историја, на Илинден, во манастирот „Пресвета Богородица - Кичевска" ќе се изврши канонизација, односно вбројување меѓу светите на преподобните маченици, пострадани во 1558 г., во истиот манастир.

Синодот посвети сериозно внимание и на појавата на самопрочистување на фреските во поранешната катедрална црква „Свети вмч. Димитриј - Скопје, и му препорача на надлежниот епархиски архиереј да формира комисија за да го следи ова случување и да ја документира оваа пројава на благодатта Божја во нашата Црква.

 

КАНЦЕЛАРИЈА НА САС НА МПЦ