Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на новоизградената манастирска црква на свети Никола во населбата Трница, Мавровско (21.05.2012)

Денес, 20 мај 2012 лето Господово, во живописните планински предели во Мавровскиот крај, поточно во населбата Трница, нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил со братското свештенство од Гостиварското и Тетовското архиерејско намесништво како и братското монаштво од манастирот на свети Јован Бигорски ја освети новоизградената манастирска црква, посветена во чест на свети Никола (летен), која е изградена со несебични даренија од вредните раце на братот во Господа Анѓелко Пејовски заедно со неговото благочестиво семејство и помагателите на оваа црква, а во тек е и изградбата на конаците на ова манастирско светилиште.

„Честит и вековит нека ни биде новоосветениот манастирски храм, а заедно со него да векуваме и сите ние. Еве, драги браќа и сестри во Господа, уште еден новоизграден манастирски храм, уште едно ново запалено сенародно Светиклиментово кандило во годината кога одбележуваме четириипол децении од обновата на нашата Света Македонска Правослвна Црква“, рече меѓу другото Митрополитот г. Кирил пред многубројните присутни верни чеда на МПЦ.

Честа да го добие дрвениот чекан од новоизградениот храм ѝ припадна на г-ѓа Горица Трпевска, а древниот клуч на г. Владо Глигоровски.

Радоста на верниците по овој повод беше преголема, проткаена низ песни и ора, традиционални за реканскиот крај, кои продолжија во дворот на манастирската црква сѐ до попладневните часови.

 

                   

 

                  

 

                 

 

                

 

               

 

              

 

 

Подготви: Диме Змејкоски