Седмица посветена на Светото Писмо – од 18 до 24 јуни 2012 (01.06.2012 19:34)
Од 18 до 24 јуни 2012 во Скопје ќе се одржи Седмица посветена на Светото Писмо.
Програма:
Сабота, 16. 6. 2012 од 17 до 21 часот – настан пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“
„Можност да добиете одговор на ваши прашања посветени на православното христијанство“
На настанот, освен што посетителите ќе може да им поставуваат прашања и да разговараат со свештенослужители од Скопската Епархија на МПЦ – ОА, на истиот ќе се промовираат и продаваат изданија од издаваштвото на Скопската Епархија и Библиското здружение на Македонија.
Понеделник, 18. 06. 2012 од 18 и 30 часот – голема сала на соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – Свечено отворање на Седмицата;
предавање: МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот народ Божји – Црквата
предавач: Митрополит Европски г. Пимен
Вторник, 19. 06. 2012 од 18 и 30 часот – голема сала на соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ СВЕТОТО ПИСМО?“
учесници на трибината: протоѓакон проф. д- р Ратомир Гроздановски / презвитер Горан Стојчески / г. Горан Величковски
Среда, 20. 06. 2012 од 18 и 30 часот – голема сала на соборниот храм „Св. Климент Охридски“
предавање: Толкување на Беседата на гората – 1. дел!
предавач: презвитер Ивица Тодоров
Четврток, 21. 06. 2012 од 18 и 30 часот – голема сала на соборниот храм „Св. Климент Охридски“
предавање: Толкување на Беседата на гората – 2. дел!
предавач: презвитер Ивица Тодоров
Петок, 22. 06. 2012 од 18 и 30 часот – голема сала на соборниот храм „Св. Климент Охридски“
предавање: Толкување на Беседата на гората – 3. дел!
предавач: презвитер Ивица Тодоров
Сабота, 23. 06. 2012 од 18 и 30 часот – голема сала на соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – дискусија: „За Божјиот избор и призив за водство на Народот Божји“
Дискусијата ќе се одржи по филмот: „МОЈСЕЈ“
Учесници на дискусијата: презвитер Игор Калпаковски / презвитер Горан Тасески / јеромонах Атанасиј
Недела, 24. 06. 2012 од 9 часот во црквата „Св. Георгиј Победоносец“ Чаир – ЛИТУРГИЈА – заедничко дело на Народот Божји
Од 19 часот, во дворот на црквата „Св. Георгиј Победоносец“ – Чаир: Поетско-музички настан со коктел / Свечено затворање на Седмицата
ОРГАНИЗАТОРИ:
„ДОДОМА“ - Движење за организирана духовна обнова на Македонија
Црковна Општина „Св. Георгиј Победоносец“ – Чаир
Скопска Епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија
проект: „Да живееме заедно како Црква“
Извор: Преминпортал