Прием на делегација составена од професори и студенти на Универзитетот во Велико Трново (11.06.2012 15:22)
На 5 јуни 2012 година, Архиепископот Охридски и Македоснски, г. г. Стефан, се сретна со група на поклоници составена од професори и студенти на Великотрновскиот Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“. Групата е предводена од доц. д-р. Маријан Стојадинов, заменик деканот на Православниот Богословски факултет при Великотрновскиот универзитет. На средбата гостите од соседна Бугарија ја искажаа својата воодушевеност од виденото во нашите древни цркви и манастири, но и од големината на братската љубов која ја почувствувале во сите средби со македонските монаси, свештеници и верен народ.
Извор: Скопска епархија