Јубилејни 45 години автокефалност на МПЦ-ОА (17.07.2012 16:55)
На 17-18 јули 1967 година, на Црковно-народниот собор во Охрид, Светиот Синод на Македонската Православна Црква, на чело со Архиепископот Доситеј и другите боговдахновени македонски архипастири: Климент, Наум и Методиј, и сегашниот Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил, ја донесе одлуката за обнова на целосната автокефалност на Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква беше совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Пресвета Богородица Перивлепта на 19 јули 1967 година.
Честит јубилеј! За многу години!