Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црква во манастирскиот комплекс на свети Георгиј во с. Дељадровци (30.07.2012 17:44)

На 29. 07. 2012 година, на празникот на светиот свештеномаченик Атиноген и светата маченичка Јулија, во село Дељадровце, кумановско архиерејско намесништво, во манастирскиот комплекс на свети Георгиј великомаченик, поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан и Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони ја осветија новоизградената црква посветена на света Злата Мегленска. Инаку, во манастирскиот комплекс се изградени повеќе храмови така што тој сега добива изглед на црковна лавра на овие простори.

 

                                           

 

                                         

 

 

 Известува: о. Жико Тодоровски