Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Покана (31.07.2012 08:58)

 

 

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевска епархија со седиште во Охрид, има особена чест да Ве покани на свечената прослава по повод впишувањето во списокот на светиите на светите Пречистански преподобномаченици, ЕВНУВИЈ, ПАЈСИЈ И АВЕРКИЈ, во манастирот „Света Богородица Пречиста“ во Кичево, на 2 август 2012 г. – св. пророк Илија – ИЛИНДЕН.

 

Навистина огромна е радоста и голем е благословот што за прв пат во поновата црковна историја на нашата таковина, од земната Црква ќе бидат прославени светии, кои веќе ликуваат со венцедателот Христос во небесното Царство. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

 

 

7.30 – Утрена богослужба.

 

8.45 – Пречек на архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со архијереите на МПЦ-ОА.

 

9.00 – Света архијерејска Литургија со објавување на Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување во списокот на светиите на светите Пречистански преподобномаченици, Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. На Малиот вход за прв пат ќе биде изнесена иконата на светите Пречистански преподобномаченици и Неговото Блаженство со неа ќе ги благослови присутните верници.

11.30 – Осветување и положување на камен-темелник за манастирски конак со параклис посветен на Преподобномачениците.

 

13.30 – Свечена манастирска трпеза.