Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија на почетокот на учебната година во Православната Богословија (05.09.2012 16:39)

„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува призив на Светиот Дух.

Овој призив се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.

На Божествената Литургија во параклисот во Македонската православна богословија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, а во сослужение на архимандритот Јосиф и на свештениците-професори во Богословијата. На Литургијата присуствуваше Архиепископот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Г.Г. Стефан.

 

        

 

       

Извор: Повардарска епархија