Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Монашење во Полошкиот манастир (26.09.2012 13:19)

На 21. 09. 2012 година, на денот кога Светата Православна Црква го слави раѓањето на Богомајката, Пресвета Богородица, во  Полошкиот манастир посветен на светиот великомаченик Георгиј на Тиквешкото езеро, Митрополитот Агатангел благоволи да ја потстриже во мала схима досегашната искушеничка Драгица со ново име монахиња Магдалена. На вечерната богослужба присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан, архимандритот Јосиф, како и повеќе игумании од неколку женски манастири од Македонија. Богослужбата започна во 16.00 часот, а по входот, игуманијата Елисеја, водејќи ја под своето расо, ја приведе сестрата пред архиерејот. Митрополитот Агатангел, најпрво ја поучи за монашкиот живот, за сите добри, но и лоши моменти, што се дел од монашкиот живот, но и за наградата која Бог им ја дава на оние кои се откажале, од татко, мајка, брат, сестра... од сѐ земно заради Христа и Неговото царство. Откако кандидатот потврди дека свесно и доброволно прифаќа да го прими совршениот ангелски живот и дека со Божја помош ќе извршува сè што е предвидено со монашкиот живот, Митрополитот ја потстрижа и ѝ даде ново име Магдалена.   

 

        

 

        

 

         

 

                           

 

                           

 

       

 

                                  

 

Извор: Повардарска епархија