Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во манастирот во Калишта пред почетокот на Црковно-народниот собор (07.10.2012 10:46)

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на 6 и 7 октомври во манастирот на Пресвета Богородица во Калишта, одржува редовен годишен Архиепископски Црковно-народен собор, по повод одбележувањето на 45-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. Пред  почетокот на Соборот, на првиот работен ден, во манастирскиот храм на Пресвета Богородица, Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на монасите и свештенството  на МПЦ, отслужи Архиерејска Божествена Литургија, во присутво на поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, членовите на САС на МПЦ и делегатите на Црковно-народниот собор. По Светата Литургија, се изврши призив на Светиот Дух за просветлување и очистување на срцата и умовите и, со Божја помош, за успешно започнување и завршување на годинешниов Црковно-народен собор.

 

      

 

      

 

      

 

         

 

     

 

     

 

      

 

      

 

Извор: Преминпортал