Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Наречение на новоизбраниот епископ Лешочки Јосиф (21.10.2012 12:17)

Вчера, по Божја промисла и за радост на сите македонски православни верници, а со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје беше извршено Наречение на новоизбраниот епископ на МПЦ-ОА г. Јосиф (Пејовски). На овој свечен и радосен чин присуствуваа голем број верници и свештенослужители од сите епархии на МПЦ.