До Светиот Архиерејски Синод на Бугарската Православна Црква (06.11.2012 15:57)
Ваши Високопреосвештенства и Преосвештенства,
возљубени браќа во Христа воскреснатиот Бог и Спасител,
Со жалење ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост, Патријархот Максим, Поглаварот на Бугарската Православна Црква.
Во личноста на блаженоупокоениот Свјатејши Патријарх, не само вашата Света Црква и Православието во Бугарија, туку и целиот православен свет загуби многу значајна личност, богомудар архипастир, исполнет со богољубие и братољубие, цврст столб на Православието, неуморен работник на нивата Господова, непоколеблив и постојан грижител за спасение на својата патства, за православните христијани и за сите луѓе со добра волја.
Затоа, од Свое, како и од името на браќата архиереи, заедно со сиот клир, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква, примете го нашето најдлабоко сочувство, а Семилостивиот Бог нека ја насели неговата душа меѓу светиите и богоугодниците.
Нека му е вечен споменот и Бог да го прости.
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г.г. Стефан
До Светиот Архиерејски Синод
на Бугарската Православна Црква
С о ф и ј а