Осветување на црква на свети Климент Охридски во Штип (07.11.2012 13:15)
По повод 45 годишниот јубилеј од возобнувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква на 4. 11. 2012 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Високопреосвештените Митрополити на МПЦ – ОА, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Преосвештените Епископи, Епископ Велички г. Јосиф и Епископ Лешочки г. Јосиф, во сослужение на архимандритите Нектариј и Никола, игумените Дамаскин и Фотиј, свешеници и ѓакони од сите епархии на МПЦ-ОА, ја освети новоизградената црква посветена на патронот и заштитникот на нашата МПЦ-ОА Светиот Климент Охридскиот Чудотворец, во населбата Сењак во Штип, чијшто камен-темелник го има осветено и поставено како тогашен Митрополит Брегалнички г. г. Стефан. На малиот вход од Светата Архиерејска Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го произведе во архимандрит Неговото Високопреподобие игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин. Во преолнетата новоосветена црква содржајна пригодна беседа одража Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Извор: Брегалничка епархија