Vesti i nastani
 
 
 
 
 

45 години јубилеј од хиротонија на Митрополитот г.Кирил (19.11.2012 10:51)

На ден 18.11.2012 лето Господово, по повод 45 години од светата служба на Бога и македонскиот народ на Митрополитот г.Кирил  и 45 години од потписот за автокефалност на Охридската Архиепископија во лицето на денешната Македонска Православна Црква, во манастирот Св. Јоаким Осоговски се отслужи света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение со епископот Велички г.Јосиф и епископот Лешочки г.д-р Јосиф. На покана од надлежниот епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил на Литургијата присуствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г.Иларион и архиерејските намесници од Полошко-кумановската Епархија. По Литургијата Митрополитот Повардарски г.Агатангел, во прекрасна беседа, се осврна на значајниот момент, 12.07.1967 година, замонашувањето и хиротонијата на Митрополитот г.Кирил и неколку дена потоа неговото присуство на потпишувањето автокефалност на Македонската Православна Црква. Веднаш потоа и добивањето должност од блаженоупокоениот Архиепископ г.г. Доситеј  како пастир да замине во прекуокеанските земји, Австралија, Америка и Канада и да го собере народот Македонски во една Света Македонска Православна Црква градејќи цркви и манастири ширум светот. Не случајно Бог му ја додели таа света должност бидејќи народот познавајчи го вистинскиот архипастир тргна по него за да Го познае и прослави Бога на својот јазик македонски.

На крајот празнувањето продолжи во владичкиот конак каде митрополитот во чест на јубилејот приреди свечена трпеза на љубовта.

 

                          

 

                          

 

                          

 

                               

 

                                 

 

             

 

 

 Известува: ипоѓакон Александар Стефановски