Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на манастирска црква и камен-темелник на камбанарија во с. Ораовица - Радовиш (24.11.2012 01:02)

На 24. 11. 2012 година, на денот на светите великомаченици Мина, Виктор и Викентиј и преподобен Теодор Студит, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, ја освети новоизградената манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – Радовиш, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со неговото семејство. По чинот осветување, ктиторот г. Николајчо Николов на свечен начин ја предаде новоизградената манастирска црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој му беше предаден од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. По осветувањето Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа. Митрополитот Брегалнички г. Иларион му се заблагодари на духовнот татко на нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на ктиторот г. Николајчо Николов и по предлог на ктиторот на личностите кои помогнале во изградбата им додели благодарници. Ктиторот г. Николајчо Николов во знак на благодарност кон Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион им подари по една панагија со ликот на Пресвета Богородица. По ова во манастирскот комлекс Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, ги осветија и поставија камен – темелник за изградба на камбанарија чиешто ктиторско дело ќе биде на г. Николајчо Николов со неговото семејство. На свечената манастирска трпеза на љубовта, за сите присутни верници, од црковното настојателство од с. Ораовица во знак на благодарност на ктиторот г. Николајчо Николов му беше подарено рачен часовник, а на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион мантија. Свеченоста продолжи со културно-македонска програма во чест на осветувањето на овој прекрасен православен македонски Божји бисер.

 

         

 

        

 

        

 

        

 

        

 

        

 

         

 

         

 

         

 

      

 

Извор: Брегалничка епархија