Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Соопштение од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА (26.11.2012 17:34)

Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, на својата седница одржана на 26 ноември 2012 г., покрај прашањата за тековните настани од животот на Црквата, посвети особено внимание на состојбата со црковните општини во Австралија. Синодот ги прифаќа под своја управа оние кои побараа да бидат ставени под непосредна духовна и канонска јурисдикција на МПЦ.

Синодот усвои Платформа за разговори со нивните ополномоштени претставници и формира комисија, која на 5 и 6 декември 2012 г., во Македонската архиепископија во Скопје, ќе оствари средба со ополномоштените претставници на овие црковни општини. Отпочнувајќи го дијалогот со нив, Синодот изразува надеж дека ќе се изнајде позитивно решение за надминување на повеќегодишниот спор во Австралија.

 

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ