Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија на празникот на св. Климент Охридски во Скопје (09.12.2012 18:14)

На 08. 12.2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на основоположникот на Македонска Православна Црква и на нашата писменост – свети Климент Охридски Чудотворец, во соборниот храм во Скопје, кој го носи името на светителот, во присуство на многуброен верен народ, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Велички г. Јосиф и свештенството од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На Литургијата дипломираниот богослов Александар Димитријов беше ракоположен во ѓаконски чин.