СООПШТЕНИЕ (27.12.2012 16:11)
Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на својата редовна седница одржана на 27 декември 2012 г., разгледа повеќе парашања од животот на Црквата.
Меѓу другото, Синодот особено внимание посвети на состојбите со македонските православни црковни општини (МПЦО) во Австралија кои беа ставени под негова директна надлежност. За управување со истите Синодот за администратор го постави Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Исто така, беше разгледана и состојбата со воспитно-образновните институции на МПЦ (Македонската православна богословија и Православниот богословски факултет), при што се изнајде начин за нивно непречено материјално-финансиско работење.
ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ