Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Битола (30.12.2012 11:01)

Во недела, на 30.12.2012 година, со почеток во 8 часот, во храмот на Пресвета Богородица во Битола, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со викарниот Епископ Јосиф Велички и викарниот Епископ Јосиф Лешочки, благоволи да отслужи воскресна Божествена Литургија.

Голем број верни чеда на Преспанско-пелагониската епархија беа присутни  на овој светол и евхаристиски собир, на кој сите заедно молитвено застанаа пред Богомајката и испросија од Неа да нѐ застапува пред Христа Богомладенецот.  Божествената Литургија ја украсија од Бога даруваните прекрасни гласови на трите хорови: машкиот хор „Св. Ангел Битолски, женскиот хор Св. Макрина и детскиот хор при истиот храм.

 

              

 

Известува: Весна Апостоловска