Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов на традиционалното закројување на лозјето во Хамзали (16.02.2013 14:05)
На 14 февруари 2013 година, на празникот на свети Трифун, претседателот на Република Македонија г. Ѓорге Иванов заедно со амбасадорот на САД Пол Волерс, амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер Ивон, амбасадорот на Франција Лоранс Оер, амбасадорот на Унгарија Јозеф Бенце, амабасадорот на Полска Пжемислав Чиж и вршителот на должност во амбасадата на Словачка Роберт Кирнаг, присуствуваше на годинешното закројување на лозовите насади на „Далвина“ во Хамзали, во Струмичкиот регион. Закројувањето го изврши Митрополитот Европски г. Пимен благословувајќи ги лозовите насади.