Велигден во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје (05.05.2013 14:44)
Прославувањето на Светлото Христово Воскресение - ВЕЛИГДЕН во Соборната црква „Св. Климент Охридски“ започна вечерта на 4 мај со Полуноќница и крсниот пат, а заврши утрото со Пасхална Утрена и Божествена Литургија. На богослужбите чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан со бројно свештенство од Скопската епархија. Верниот народ се причести со светите Христови Тајни. Според Православната традиција, по завршувањето на Литургијата се отслужи т.н. Второ воскресение на кое се читаше Евангелието според Јован 20, 19-25 на повеќе странски јазици. Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото преосвештенство Епископот велички г. Јосиф.
Извор: Скопска епархија