Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Света Архиерејска Литургија на втор ден Духовден (25.06.2013 09:40)

На втор ден Духовден, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Божествената литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. На Литургијата, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан благоволи и ја положи својата рака врз главата на досегашниот ѓакон, дипломираниот теолог Климент Станковски од Скопје и го ракоположи во чин свештеник, па така Македонската православна црква стана побогата за уште еден пастир, кој под Божјата закрила треба мудро и верно да му служи на својот народ, да се усовршува во добродетелта и да работи посветено и ревносно во проповедањето на словото Божјо.

 

Извор: Скопска епархија