Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Меѓународната научна конференција по повод 1150-годишнина од Моравската мисија на светите Кирил и Методиј во Букурешт (21.06.2013 17:34)

На 14 јуни 2013 г., делегацијата од Теолошкиот Факултет во Скопје предводена од деканот проф. д-р Ацо Гиревски присуствуваше на Меѓународната научна конференција по повод 1150-годишнина од Моравската мисија на светите Кирил и Методиј: „Придонесот на Кирил и Методиј во развојот на европската култура“, во организација на Универзитетот од Букурешт, Факултетот за странски јазици и книжевности и катедрата за руска и словенска филологија, а на иницијатива на Амбасадите на Чешка, Бугарија, Хрватска, Полска, Србија, Словачка, Македонија и на Руската Федерација во Букурешт. Конференцијата ја отвори и ја водеше проф. д-р Антоанета Олтјану, раководител на катедрата за славистика. На пленарната конференција, после зборот на проректорката на Универзитетот во Букурешт, амбасадорите на Чешка, Словачка и Македонија, од името на УКИМ во Скопје, говореше проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Богословскиот факултет во Скопје, кој што со аплауз беше поздравен. Статиите изложени на конференцијата ќе бидат објавени во списанието „Романославика“.

 

Известува: проф. д-р Ацо Гиревски, декан на Богословскиот факултет во Скопје