Посета на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан на американско-канадската епархија (14.07.2013 19:15)
Во периодот од 10 - 30 јули, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на покана од Неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Методиј, а по повод 50-годишнината од осветувањето на првиот македонски православен храм на Северноамериканскиот континент „Свети апостоли Петар и Павле“ во Краун Поинт, Индијана ќе изврши канонска посета на Американско-канадската епархија, каде што ќе учествува во предвидените чествувања за овој значаен јубилеј од поновата историја на Македонската православна црква.
Распоред на посетите и богослужбите
10-ти до 14-ти јули - Св. Петар и Павле - Краун Поинт, Индијана
12.07 (петок) - Архиерејска Литургија - Петровден
13.07 (сабота) - Архиерејска Литургија - Павловден
14.07 (недела) - Архиерејска Литугрија - Св. Козма и Дамјан
15-ти до 17-ти јули - Успение на Пресвета Богородица - Колумбус, Охајо
16.07 (вторник) - Архиерејска Литургија - Св. мч. Јакинт
18-ти до 21-ви јули - Раѓање на Пресвета Богородица - Стерлинг Хајтс, Мичиген
21.07 (недела) - Архиерејска Литургија - Св. вмч. Прокопиј
22-ти до 30-ти јули - Канада
26.07 (петок) - Архиерејска Литургија Св. Климент, Торонто - Собор на Св. Арх. Гаврил
28.07 (недела) - Архиерејска Литургија Св. Илија, Мисисага - Св. мчц. Кирик и Јулита