Заупокоена Литургија и 40 дневен помен во манастирот на св.вмч. Георгиј, с.Дељадровце (20.07.2013 12:29)
На 20.06.2013 година на четириесеттиот ден од упокојувањето на
Митрополитот Полошко-Кумановски г.Кирил, во прекрасната манастирска црква на
св.вмч.Георгиј во с. Дељадровце, Митрополит Повардарски г.Агатангел, во
сослужение на епископите г.д-р Јосиф Лешочки, г. Јосиф Велички, и свештенството
од Полошко-Кумановската епархија , отслужи Архиерејска заупокоена Литургија. На
Литургијата верниот народ се причести во Светите Христови Тајни.
После литургијата, Митрополитите Тимотеј и Агатангел, со епископите
Јосиф Велички и Јосиф Лешочки отслужија парастос на гробот на блаженопочинатиот
Митрополит г.Кирил.
Ваше Високопреосвештенство, Ваше Преосвештенство,
Драги браќа и сестри,
Ние христијаните, кога се сеќаваме на нашите блиски, кои се упокоени во
Господа, велиме вечен да му е
споменот.
Вечен да му е споменот велиме, зашто човекот живее се додека се сеќаваме
на него, а човекот умира, тогаш кога ќе умре и споменот за него.
Еве денес, се собравме во манастирот посветен на светиот великомачени
Ѓорѓи во селото Дељадровце, за да отслужиме заупокоена литургија и 40 дневен
помен на блажено упокоениот митрополит Кирил. Се собравме крај гробот на дедо
Кирил, за да се помолиме за неговата душа , да си споменеме за пастирот
Полошко-кумановски, за архиерејот во Македонската Православна Црква, за човекот
кој длабоко ги разбираше времињата кои минале, но и времињата кои доаѓаат. Тој
беше единствена, неповторлива и исклучителна личност во нашата света Црква
Македонска.
Би сакал, денес само на кратко, да се осврнам на лицноста на дедо
Кирил.
Тој беше еден од потписниците на одлуката за целосно возобновивање на
афтокефалниот статус на древната Охридска Архиепископија, во лицето на денешната
Македонска Православна Црква, но беше единствениот потписник , кој што најдолго
живееше во радоста, радост кога се
има своја црква, свое свештенство и свој народ.
А ние, како православен народ, како чеда и рожби на Охридската
архиепископија, вечно сме му благодарни што повторно го запали кандилото вети
Климентово.
Но, со потпиешувањето на тој акт, дедо Кирил, како и сите тогашни
членови на Светиот Синод, не задолжија сите нас, кој што денес живееме и
работиме на нивата Господова. Не задолжија, да ја чуваме и сочуваме
афтокефалноста на нашата Црква, зашто ако тоа го изгубиме, нема да се знае, ни
кои сме, ни што сме.
Тој аманет, денес покрај гробот на дедо Кирил, ветуваме дека ќе го
чуваме се до крајот и на нашиот
живот.
Но, покрај аманетот да ја чуваме Црквата, дедо Кирил не задолжи многу и
со неговиот пример како пастир и како човек.
Како старец во осмата деценија од животот, тој беше личност со карактер,
потполно хармонизиран и некако складен, кој што делуваше како некоја симфонија и
зрачеше со посебна харизма.
Во секој човек го бараше тоа што е добро, без оглед на судот на
околината. А, Евангелието пак, го доживуваше на посебен начин, и кога го
проповедаше, му даваше посебен печат со своите особини на складност и хармонија,
чувства и интуиција, при тоа давајќи им одмерен реалистичен пристап на сите тајни на животот но и
смртта, кои се откриваат во Него.
Длабоко во него, како архиереј, знаеше дека секој човек е смртен, и дека
уште од самото раѓање со себеси си ја носиме смртта. Велеше дека со раѓањето со
една нога веќе зачекоруваме кон смртта и затоа треба да сме будни и да
размислуваме како ќе заминеме од овој свет. За нас дедо Кирил, секогаш ќе остане
пример, како се оди пред Господа, христијански и смирено.
Денес, стоејќи покрај вашето вечно почивалиште, гледаме дека не е важно човек колку ќе живее, туку како ќе живее и што ќе остави зад себе. Дедо Кирил остави многу дела, а тие се најголемиот и единствениот споменик што човек сам си го подига, направи дело со кое сите се гордееме и изгради спомен за себе пред својот народ и пред својата Црква овде на земјата, но и горе на небото. А, тој спомен е најтраен и вечен.
Известува: Диме Змејковски