Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Започна изградба на нов православен храм во Берово (05.08.2013 20:50)

Во месноста Црвен брег кај Берово вчера започна изградбата на нов православен храм посветен на свети Гаврил Епископ Велички Светогорец Македонски.

Камен-темелникот на црквата го положи амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, а го освети и градбата ја благослови Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македоснки г.г. Стефан. Притоа поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека треба да се чуваат и негуваат традициите на македоскиот народ, а особено да се негува традицијата на многудетни семејства, кои ќе бидат идните носители на животот во државата и Црквата македонска.

Гостите и присустните на настанот од името на градот-домаќин ги поздрави градоначалникот на Берово, Драги Наџински.

На осветувањето на камен-темелникот на црквата присуствуваа илјадници беровчани, голем број туристи од земјава и странство, како и претставници на монашките сестринства и братства од повеќе манастири на МПЦ-ОА.

 

Извор: МИА