Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип (29.08.2013 07:45)

На 28. 08. 2013 лето Господово, на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на надлежниот Митрополит Брегалнички Неговото Високопреосвештенство г. Иларион, Архимандитот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, а во присуство на претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга, г – ѓа Маја Иванова и многуброен народ, отслужи празнична Света Архиерејска Литургија.  Потоа  одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Истиот ден,  Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополит Брегалнички г. Иларион, Архимандитот Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, а во присуство на претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга, г – ѓа Маја Иванова, Амбасадорот на Р. Русија во Р. Македонија, г. Олег Шчербак, со својата сопруга, Амбасадорот на Америка во Р. Македонија, г. Пол Волерс, со својта сопруга, заменик претседател на Владата и министер за финасии г. Зоран Саврески, заменик министер на одбрана, г. Емил Димитров, заменик министер за животна средина и просторно планирање, г – ѓа Соња Лепиткова, градоначалникот на општина Пробиштип, г. Тони Тоневски и многуброен православен народ, го освети новоизградениот пазар во Општина Пробиштип. Со огромна радост, претседателот на Р. Македонија и неговата сопруга, амбасадорите на Р. Русија и Америка, министрите при Владата на РМ и градоначалникот на Пробиштип, го посетитија Лесновскиот древен манастир, кои беа пречекани со огромно достоинство од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион заедно со Лесновското братство. Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му посака топло добродојде на претседателот и му подари икона со ликот на Пресвета Богородица и икона со ликот на Св. вмч. Георгиј. По ова претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга го посети и манастирот посветен на „Животворниот Извор на Пресвета Богородица“ во месноста Марена - Злетовско и женскиот манастир „Св. Спиридон“ во Злетово, метоси на Лесновската обител. Заедничка трпеза на љубовта беше организирана во рибникот близу манастирот „Св. Спиридон“ во Злетово.

 

Извор: Брегалничка епархија