Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На денот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка (01.09.2013 15:51)

На 29 август 2013 г., во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, по повод храмовиот празник се отслужи Архиерејска Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Епископот Велички г. Јосиф и Епископот Лешочки г. д-р Јосиф, заедно со свештеници од Скопската и Полошко-кумановската епархија. На Литургијата присуствуваше и претседателот на Република Македонија г. д-р Ѓорѓе Иванов. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тело и Крв Христови. По Литургијата архиереите извршија мал водосвет и ги пресекоа славските колачи.

 

Известува: ипоѓакон  Александар Стефановски