Почеток на новата учебна година во Богословијата во Скопје (02.09.2013 14:08)
„Без мене не можете да направите ништо“ вели Словото Божјо, па затоа секоја година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево на почетокот на новата учебна година на Божествена Литургија на која присуствуваат сите ученици на Богословијата, се извршува чинот призив на Светиот Дух.
Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на богословите за да можат преку подвижнички живот и со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.
На Божествената Литургија во црквата „Свети Спас“ во Драчево чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, а во сослужение на голем број на свештенослужители, меѓу кои и свештениците-професори во Богословијата. На Литургијата присуствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.
Извор: Повардарска епархија