Известување (27.09.2013 10:12)
По повод одбележувањето на 1700 годишнината од Миланскиот едикт и 1150 годишнината од Моравската мисија,
Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, ги приредува следниве свечени активности:
28 септември 2013 г. (сабота)
17.30 часот: Вечерна богослужба во Архиепископски соборен храм „Свети Климент Охридски“ - Скопје.
19.00 часот: Свечена академија во Музејот на македонската борба, Скопје.
29 септември 2013 г. (недела)
08.30 часот: Пречек на Архиепископот и архиереите пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје.
09.00 часот: Света Божествена архиерејска литургија.