Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свечености по повод 1700 години oд Миланскиот едикт и 1150 години од Моравската мисија (28.09.2013 11:25)

По повод 1700 години од Миланскиот едикт на светиот цар Константин со кој се прогласи слобода на исповедањето на христијанската вера и 1150 години од почетокот на Моравската мисија на сесловенските учители светите Кирил и Методиј,  Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија организира свечено одбележување на настанот.

На 28 септември 2013 година (сабота), со почеток во 17:30 ч. во Архиепископскиот соборен храм на свети Климент Охридски во Скопје се одржа Вечерна богослужба со која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, архиереите на Светиот Синод, претставници на државната власт и броен верен народ.

По богослужбата, од 19 ч. се одржа свечена академија во Музејот на македонската борба. До присутните се обрати поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Академијата беше уметнички и духовно збогатена со пеењето на хорот од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ од Скопје.