Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на храмот на св. Наум Охридски, Малме (19.10.2013 15:29)

„Со ова дело на вашите раце покажавте дека сте чеда на богољубив народ, дека припаѓате на народ што создавал и создава дела за восхит, дела што го красат Балканот и се дел од светската цивилизација. Овој велелепен свет храм, верувам ќе придонесе и повеќе и подалеку да се слушне, и кои сме и од каде сме и какви сме како народ“, рече во поздравната беседа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по чинот на осветувањето на новоизградената црква на свети Наум Охридски во Малме, Шведска.

На Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Европски Пимен и Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, како и црковни великодостојници од МПЦ-ОА.

„Со единство ќе можеме полесно да ги надминеме проблемите и искушенијата што ги имаме на национален и црковен план. Македонија и сѐ што е македонско, и името, и идентитетот, и културата, и историјата, и Црквата, насекаде и отсекаде се чуваат и се бранат“, изјави Архиепископот г.г. Стефан на чинот на осветувањето.

Некаде околу 15 илјади Македонци живеат и работат во Шведска, а денес одбележуваат 4-децениски јубилеј од формирањето на Црковната општина во Малме.

Точно пред десет години е поставен камен-темелниккот на црквата чиј архитект е Тодор Паскали, а иконостасот е изработен во Македонија.