Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ (08.12.2013 18:41)
На 08.12.2013 кога Македонската Православна Црква го прославува свети Климент Охридски, нејзиниот патронен молитвеник пред Бога, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ - Скопје се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Тетовско - гостиварски г. Јосиф и Кумановско - осоговски г. Јосиф. Пред Литургијата во чин чтец беа ракопроизведени Дарио Божиновски и Антонио Јосифоски.
Извор: Скопска епархија